Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/cermcom/public_html/plugins/content/imageshow/imageshow.php on line 25

Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/cermcom/public_html/plugins/content/imageshow/imageshow.php on line 38

Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/cermcom/public_html/plugins/content/imageshow/imageshow.php on line 52

Национална Награда за најдобри ОО практики во 2016

НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ

По деветти пат ќе се додели Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија од страна на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија.

На 3-ти јуни 2016 година објавен е конкурс за пријавување за наградата за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија реализирани од 1-ви јануари 2015 до 1-ви јуни 2016 година. Пријавите се примаат заклучно со 15-ти август 2016 година. Право на учество имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија кои ќе достават комплетна пријава во предвидениот рок.

Наградите се доделуваат во следните категории:

- Однос кон вработените;

- Етичко управување;

- Односи на пазарот со снабдувачите, потрошувачите или купувачите;

- Однос кон животната средина;

- Вложување во заедницата.

И оваа година, ќе се додели признание за најинвентивен проект или практика.

Претпријатијата имаат право да конкурираат најмногу со по една пријава во секоја од категориите. Одлучувачки фактори при оценувањето на пристигнатите пријави се идејата, квалитетот и постигнатите резултати, а не износот на финансиски средства вложени во проектот. Во секоја категорија ќе има награда за големо претпријатие и награда за мало или средно претпријатие. Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии според однапред утврдени постапка и критериуми, а статуетки и плакети ќе им бидат врачени на свечена церемонија која ќе се одржи во октомври/ноември 2016 година. 

Во прилог се: Огласот за наградата на македонски и албански jaзик, Формуларот и насоките. 

Национална награда, трета година по ред, е помогната од проектот „Општествена одговорност за сите“, кој е кофинансиран од Европската унија и во Македонија го спроведува Бизнис Конфедерација на Македонија.

 

НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ВО 2016 ГОДИНА 

НАСОКИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

KONKURS PËR APLIKIM PËR ÇMIMIN NACIONAL NË VITIN 2016  

 



 

Можност за развој на микро и мали претпријатија!

Бизнис Конфедерација на Македонија го поддржува растот на претприемачите и нивните микро и мали претпријатија

Почитувани членки, партнери, работодавачи на микро и мали правни субјекти,

Врз основа на Оперативниот план за програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година, за активната програма Поддршка за брзорастечки фирми – Газели, се доделуваат неповратни средства (грант) за набавка на опрема на брзорастечките микро и мали правни субјекти, со цел отворање на нови работни места, поддршка на работодавачите кои имаат висок потенцијал за раст и поттикнување на иновативноста кај истите, Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 12.02.2016 година, објавува: 

 

- Јавен оглас до работодавачи (микро и мали правни субјекти)   

- Апликациски формулар за поддршка на брзорастечките фирми - Газели во Република Македонија

 

Претприемачи, менаџери и сопственици на микро и мали бизниси можат да станат дел од Програмата за Поддршка за брзорастечки фирми – Газели, која го поддржува растот на претприемачите и нивните микро и мали претпријатија. Основниот критериум за учество е компаниите да имаат можности за креирање на нови работни места, потенцијал за раст, извоз.

Програмата за Поддршка за брзорастечки фирми – Газели е наменета за перспективни менаџери и претприемачи – сопственици на микро и мали бизниси кои се развојно насочени.

 

За дополнителни информации Ве молиме да се обратите на телефон 02/3 224 762 или на електронска пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 
Free business joomla templates